Филипче: Не се почитуваат мерките, можни таргетирани локални рестрикции
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/29/20 1:08 PM

Филипче: Не се почитуваат мерките, можни таргетирани локални рестрикции

Некои од заболените од ковид 19 одбивале да дадат податоци за своите контакти, а дел дале и лажни податоци за решенијата за изолација, ниту точни адреси, рече денеска на прес конференцијата министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека „генерално не се почтиуваат мерките“. Поради тоа, на утринскиот состанок на Кризниот штаб, било разговарано околу можноста за локално враќање на рестриктивните мерки.

-Се размислува на воведување рестриктивни мерки во одредени региони, но ќе видиме дали и тоа ќе се спроведе. Вид на локализирани карантини.  Ако се почитуваат мерките, нема да има потреба од ваки рестрикции, изјави Филипче.

По двете инспекции на Штип и Тетово, Филипче рече дека во Тетово има генерално непочитување на сите мерки, додека во Штип непочитување на правилото за транспорт на работниците во фабриките. Една конфекција е затворена од Санитарниот здравствен инспекторат. Има регистирано непочитување на правилата за транспорт со недржење на социјална дистанца и пренатрупаност во фабричките автобуси.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7