ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/7/18 7:39 AM

Македонија е пред историска одлука – изјави Павле Трајанов

Република Македонија е пред историски одлука, која ќе ја определи иднината на оваа држава државата. Во очекување на „пакетот” решенија сврзани со деблокирање на евроатланските процеси односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од страна на Цариградската Патријаршија, се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин, нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на Демократскиот сојуз во Охрид.

„Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите, да останат во Македонија. Тие партии и лидери кои ќе го преземат „товарот” за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места“, додаде Трајанов. Тој зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1