ММС

Затворската хиерархија и патот на ситната корупција

Ситната корупција може да помогне, но и да го покаже патот како да се дојде до крупната корупција. Иако таканаречената ситна корупција често се занемарува па дури и се смета за не толку важна, истата има голема улога како да се најде друга поголема коруптивна зделка направена во различни сектори од нашето опкружување.

Казнено поправните домови се сметаат за „рај“ токму за таа ситна корупција. За да истата биде спроведена, потпомогната е од затворската полиција која најчесто се појавува како посредник помеѓу притвореното и друго лице од кое се бара услуга. Ова не би изгледало вака, доколку затворската полиција би имала поинаков статус во општетсвото и доколку нивните месечни примања би им обезбедиле поудобен живот, кои и најчесто се сметаат како причина за  коруптивни дела, како што е поткупот, па дури и злоупотреба на службена должност и овластување.


Примерот со поткуп на надзорник од Секторот за обезбедување во штипскиот затвор е само еден од многуте примери за тоа како некои работи функционираат во затворите во нашата земја. Во месец април 2016 година, Основното јавно обвинителство во Штип до Основниот суд Штип поднесе обвинителен предлог (Ко.бр.225/16) против обвинетиот В.Е за кривичното дело „давање поткуп“ (од чл. 358 ст.1 до КЗ). Обвинетиот на двајца вработени како надзорници во Секторот за обезбедување во казнено поправниот дом во Штип, чии работни задачи биле да вршат наздор како внатрешно така и надворешно обезбедување, директно а потоа и индиректно им понудил парична корист во износ од по 50 евра за секој од нив, за да извршат службено дејствие што не би смееле да го извршат, а тоа е да му дозволат користење на мобилен телефон. Обвинетиот В.Е во критичниот период во месец ноември 2016 година бил на издржување казна затвор во КПД Штип. На ден 17 ти март 2016 година, надзорникот при вообичаена контрола влегол во просторијата каде што бил сместен осудениот и го забележал како разговара на мобилен телефон и тогаш надзорникот му го побрарал мобилниот телефон, а осудениот му го предал без никакво противење и потоа му побарал на надзорникот да му го врати телефонот, но надзорникот одбил, стои во образложението од пресудата. Истиот ден обвинетиот на двајцата вработени како надзорници директно, а потоа и индиректно им понудил парична корист во износ од по 50 евра за секој од нив, за да извршат службено дејствие што не би смееле да го извршат – да му дозволат користење на мобилен телефон, на начин што откако на 17 ти март 2016 година од страна на надзорниците при личен претрес му бил одеземен мобилен телефон марка LG, кој согласно куќниот ред на КПД Штип не смеел да го поседува додека е на издржување на затворена казна. Кога го повикале да даде писмена изјава заради изготвување на извештај, истиот на надзорниците им понудил износ од по 50 евра за секој од нив, за да му го вратат мобилниот телефон, но бидејќи понудата од нивна страна била одбиена, по некое време обвинетиот повторно преку друг осуденик на индиректен начин им понудил 50 евра за да му го вратат одземениот мобилен телефон.

КПУ „Штип“

Истиот ден надзорникот одговорен на внатрешната пријавница го известил командирот за ситуацијата и ги повикал сите четворица во пријавницата, каде осудениот В.Е признал дека им понудил пари на затворските надзорници. Судот при утврдување на фактичката состојба извршил целосна и сеопфатна, компаративна анализа на сите изведени докази и од истите најде дека надвор од секакво разумно сомнение се докажува делото и вината на обвинетиот за предметното кривично дело. Утврдената фактичка состојба утврдила дека во дејствијата на обвинетиот се содржани сите битни елементи на кривичното дело „давање поткуп“ од чл. 358 ст.1 од КЗ, поради што судот обвинетиот го прогласи за виновен за ова кривично дело и му изрече алтернативна мерка – условна осуда како во изреката на пресудата. Со што на обвинетиот В.Е му утврдува судот казна затвор во траење од две години, која казна нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело.

Како најчести причини кои се наведуваат за да се дојде до чинот на корупција во казено поправните установи е нискиот економски стандард, старите и дотраени униформи, недостигот на кадар, невреднувањето на ризикот со кој се соочуваат затворските службеници, но не се исклучува и криминогената структура на самите осуденици. Висината на платата на затворската полиција, заедно со дополнителните часови и стажот на вработениот во просек може да достигне до 22 000 денари, се споменува како најчеста причина за да се случи корупција. Мобилни телефони, посета на затворски лекар или стоматолог, фрижидер се некои од услугите кои затворениците можат да ги добијат во затворот по одредени цени.

Директорот на казнено попрваниот дом во Штип, Мики Тодоров посочува и пример каде затворски службеник учествувал во ситна корупција , кој случај завршил со дисциплинска постапка и кривична санкција.

Мики Тодоров – директор на КПУ „Штип“


„На државните медиуми беше објавен случај каде затворски службеник вработен во казнено поправниот дом во Штип, кој барал и примил мито, поткуп од осудено лице за внесување на мобилен телефон. Против истото вработено лице беше поведена дисциплинска кривична постапка, за кое лицето беше и дисциплински со престанок на работен однос и кривично санкциониран. Јасно е дека за да има корупција потребни се двајца, а доколку едниот се повлече, многу е јасно дека и другиот нема да има простор за корупција па затоа секој од вработените има право да пријави коруптивно однесување и корупција и тоа е негова должност во спречување на самата корупција како и поука за останатите вработени
“, вели Тодоров.

Нефункционалноста на јавните говорници во затворите и немањето можност осудените лица  да се слушнат со семејствата и пријателите, ги наведува да набават мобилен телефон. Тодоров велид ека во штипскиот затвор осудените лица имаат можност преку одреден распоред да се јават кај своите најблиски, а со тоа на некој начин превенција за коруптивното однесување.

КПУ „Штип“

Пренатрупаноста на затворските ќелии што беше нотирано во извештајот Комитетот за спречување тортура, според директорот на штипскиот затвор со законот за амнестија бројката од 339 која тој ја затекнал сега е намалена на 214 осудени лица и вели бројката е одржлива и нема проблем со пренатрупаност и проблеми со кревети.

Директорот на затворот во Скопје „Шутка“, Есад Рахиќ вели дека корупцијата е честа појава во затворите, но не само кај нас туку и во светот и која тешко би можела да се искорени.

Диркетор на КЗП „Шутка“ – Скопје

„За некое ситно кривично дело затворените или притворените лица на вработените ќе им побараат цигари или да им купат сендивич. И тоа не е толку страшно. Поголемите проблеми се работи на кои ние како затвор, управата како институција ќе се обидуваме да го намалиме тоа и да го сведеме во рамките на нормала ако е воопшто нормална корупцијата. За да можете да спроведете одредени мерки и казнени и дисциплински треба да имате одредени стандарди да ги задоволи потребите, најголем проблем се телефоните, тоа е една шеста тема меѓутоа ние како институциите, како затвори не зборам за мене, зборам за другите уште го немаме изградено тој систем за говорници, говорам конкретно за затворените и притворените лица ќе им се овозможи во текот на неделата еднаш до два пати да можат да се јават. Ние тоа го решивме во затворениот дел, имаме наш телефон им даваме на луѓето да се јават на точно определени броеви и време“, вели Рахиќ, и додава дека овластените или службените лица во затворите неколку пати се фатени и дисциплински и парично се казнети и еден избркан е од работа. Вели се прави се што е во рамките на можностите и системот за да корупцијата максимално ја намалиме.

Затвор Шутка

Рахиќ потенцираше дека се работи и на условите во затворот во Шутка, со поставување на кров на блокот Б кој е комплетно реновиран со помош на донации, како и поставување на цевки за гас и темели за гасна котлара и темели за собата за средби, односно слободни видувања. Има и најава за комплетно реновирање на амбулантата, со носење на нови апарати.

Од Народниот правобранител велат дека според нивни сознанија кои ги добиле од непосредните разговори со осудените и со службените лица во затворите постои еден посебен систем на коруптивна хиерархија, со што дури креветот чини пари.

Васка Бајрамовска Мустафа – Народен правобранител

„Корупцијата ја има тоа е не миновно, односно не сомнено прашање за кое алармиравме и годините претходно, меѓутоа и минатата година како национален превентивен механизам и заштитник на правата на осудените лица и она што го добиваме во разговорите со осудените лица е податокот дека има и неформален ценовник кој што им е познат на сите осудени лица за тоа колку чини еден мобилен телефон, каков вид на марка, колку чини легло, погодност, колку чини обезбедување на определено нешто што со куќниот ред не е дозволено  итн. Што за жал, ние минатите години алармиравме за една страшна ситуација во која што дојдовме во разговор со осудените лица а тоа е дека се бара и определени парични средства од страна на осудени лица, службени лица вработени во казнено поправните установи за да може да им се набават дрога или некоја друга психотропна супстанца што е забранета во казнено поправните установи“, рече заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, која додава дека сето тоа укажува дека не доволно се води сметка за тоа како да се стави крај на корупцијата од причина што смета дека вмешани се и вработените во установите кои што им излегуваат во пресрет на осудените лица со нивните барања.

Од Хелсиншкиот комитет велат несоодветните услови и нехуманиот третман и корупцијата се не миновно поврзани меѓусебно и се одржуваат во живот. Од последниот достапен извешај од Комитетот за превенција од тортура, состојбата со корупцијата во затворите во државата била окарактеризирана како „ендемска“.

Сибел Амет – Хелсиншки комитет за човекови права

„Во овој период поплаките кои најчесто ги добиваме од страна на затворениците дека одредени услуги можеа да бидат купени со пари, подобри соби, кревети, мобилни телефони, ова беше и една од забелешките на Комитетот за превенција од тортура. Во 2019 година Комитетот направи уште еден мониторинг во затворите во државата и се очекува овој извештај да биде објавен и се надеваме дека во евентуалниот извештај ќе бидат посоечени напредоци или недостатоците кои се уште опстојуваат кога станува збор за корупцијата во затворите. Она исто така што би сакала да го напоменам е еден од позитивните чекори кои беа преземени во поглед на воспоставување на рамка која би можела да биде, да може да се користи на правата на  осудените лица кога станува збор за нехуман третман па и корупција од страна на затворската полиција е законските измени со кое се оформи посебно одделение за гонење на кривични дела сторени од полициски службеници, затворска полиција во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и механизмот за граѓанска контрола при Народниот правобранител иако беа избрани граѓани од граѓанските организации во моментов се подготвува методологијата за понатамошно постапување, меѓутоа со оглед на самата пандемија овој систем е се уште не функционален. Сметаме дека под итно треба да почне да функционира се со цел да се овоможи соодветна заштита на осудените лица, едно од причините кое што беше оформен овој посебен механизам“, вели Сибел Амет од Хелсиншкиот комитет.

„Ниту Македонија ниту светот е имун на ваквата појава, најважно е да се најдат методи и алатки како да се сузбие корупција во затворите. Поврзаноста помеѓу лицата лишени од слобода и цивилниот состав е многу важно да биде канализирана на соодветен начин како би се сузбила“, вели адвокатот Тони Менкиноски кој бил дел од подготовка на извештајот на Комитетот за спречување на тортура.

Тони Менкиноски – адвокат

„Работната ангажираност на лицата лишени од слобода дококу постои работна ангажираност ќе имате само одржливост на даден затвор. Еве имате еден многу добар пример со битолскиот затвор, кој претходно се однесуваше како менаџер на затворот тоа е одличен пример за затворот да има една само одржливост кај нас со тоа што лицата лишени од слобода си произведуваа храна во затворот. Зошто го споменувам ова за во делот на корупцијата ? – И самиот дотур на храна е  дел од  таа корупција, таа селективност. Еве погледнете во делот на притворот колку се доставува храна, како се доставува, тие мерки потребно е да се направат на генерално ниво и на генерално ниво да се реорганизира целиот овој систем, зошто ако не го реорганизираме овој систем ние имаме голем проблем, фрламе нон стоп храна кои одат во ветер“, вели Менкиноски.

Во извешајот на Европската Комисија за 2019 година стои дека Владата подготвила акциски план за спроведување на препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура и врз основа на поднесените квартални извештаи до Комитетот. Со што би се довело до подобрувања во спречувањето на тортура и нечовечно постапување на осудените лица во казнено поправните домови. Со измените на Законите за судовите и за Јавното обвинителство се заокружува законската рамка за воспоставување надворешен механизам за надзор на работата на полицијата и затворската полиција. Обвинителите се назначени и веќе започнаа со надзор на полицијата. Сепак, механизмот не е целосно функционален, бидејќи и понатаму треба да се назначат инспектори, и допрва треба да бидат избрани членови на граѓанското општество од механизмот за граѓанска контрола со Канцеларијата на Народниот правобранител. Казнено-поправниот сектор останува недоволно финансиран, со недоволно вработени лица и премногу се потпира на донаторска помош. Со ослободувањето на 795 лица врз основа на Законот за амнестија од декември 2017 година се намали пренатрупаноста во затворите, што исто така беше нотирано во извештајот на Комитетот за спречување на тортура, но тоа не е одржливо решение, бидејќи пробацискиот систем сè уште е во рана фаза на развој. Развивањето на алтернативи на притвор е од суштинско значење за одржливо намалување на пренатрупаноста, подобрување на ресоцијализацијата и рехабилитацијата на осудените лица и намалување на ризикот од повторување на делото. Потребни се дополнителни напори за да се обезбеди дека услугите за образование и ресоцијализација се достапни во сите казнено-поправни и воспитно-поправни установи, стои во извештајот за 2019 од страна на Европската Комисија.