ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/27/20 12:31 PM

Мнозинството од Риасетот на ИВЗ го разреши Реисот Сулејман Реџепи

На денешната вонредна седница на  Риасетот на Исламската заедница (ИВЗ, мнозинството муфтии одлучило да го разреши поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи. За в.д. поглавар е поставен гостиварскиот муфтија, Шакир Фетахи, беше објавено по завршување на седницата.

Зад оваа одлука застнал две третини од составот на Риасетот и тоа: муфтиите на Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Струга, Охрид, Кичево и Битола, координаторите на Муфтиството во Штип и Дебар, деканот на Исламскиот факултет во Скопје, директорт за дијаспора на ИВЗ и член на Риасетот.

Засега нема реакција од Сулејман Реџепи, кој до сега, по повеќе обиди успеваше да остане во седиштето на ИВЗ во Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7