ММС

Објавено на: 05/26/20 3:32 PM

Општината Штип започнува со дезинфекција пред конфекциите и на автобусите

По шестте случаи случаи на заболени работнички од штипска конфекција, заседаваше Општинскиот кризен штаб од Штип, по што Општината најави активности за таргетирана дезинфекција на повеќе локации во градот.

Ќе биде дезинфициран просторот пред сите текстилни компании, потоа че се изврши дезинфекција на автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички.

Општинскиот кризен штаб ги повика да се пријават угостителски објекти, кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали, додека волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење на заштитни маски пред текстилните фабрики.

-Ги повикуваме сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општински штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности, соопштуваат од Оштина Штип.

Градоначалникот Благој Бочварски, во лога на командант на Кризниот штаб,  упати апел до граѓаните  да бидат внимателни и дисциплинирани во наредниот период, со цел поголема заштита.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1