ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Скопје и против правното лице „Блуинвест“ со седиште во Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година во струшкото село Мислешево без соодветно одобрение за градба започнал со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според претходно издаденото одобрение,соопшти МВР.