ММС

Серискиот силувач бегајќи од полиција падна од карпа

Серискиот силувач, наречен „Зверот од Кавос“ падна од карпа, додека бегал од полиција.

Димитрис Аспиотис (47), кој што силуваше најмалку седум Британки,претрпел повеќе фрактури, откако паднал во провалија.

Тој бил уапсен откако бил извлечен од непристапно место на носилка по тричасовна акција за спасување на грчкиот остров.Во несреќата тој се здобил со скршеница на ногата, колкот и кичмата, а му пукнал и бубрегот при падот, ноќта ја поминал во болница под полициска стража.

Полицијата трагала по него од пред две недели, кога бил поврзан со силувањето на 34-годишна Албанка, неколку месеци од кога бил ослободен од затвор.

„Зверот од Кавос“ сега ќе биде вратен во затвор за да го отслужи остатокот од казната, по прекршувањето на условната.

жртва од Британија, Кејлеј Морган (33), која се одрече од анонимност за да се избори против неговото пуштање на слобода изјави:

„Се надевам дека ќе биде во болки до крајот на животот, време е грчките власти да го затворат.“

На островот Кавос во 2012 година, бројката на силувани жени изнесувала дури до 100, вклучувајќи најмалку седум британски туристи.

извор : alo.rs