Huawei i Chine Mobile поставија предаватели за 5G мрежа на 6.500 метри надморска височина.Во поставувањето учествувале 100 работници и се користело вкупно осум тона опрема, а покриеноста на сигналот е овозможена и на самиот врв, каде брзината на интернетот е 1 GB/s.
Предавателите се поставени од тибетската страна на височина од 5.300 и 5.800 метри височина, а потоа на 6.500 метри.Поради тешките и непредвидливите услови, поставувањето било навистина предизвикувачко.
-Условите во кои се подготвувавме и ја поставувавме базната станица за 5G мрежата, беа исклучително тешки, а во поставувањето учествуваа 40 шерпи и 60 наши работници.Се надеваме дека на овој начин Монт Еверест ќе биде приближен до многу истражувачи и вљубениви во природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата која може да го направи овој свет подобро место- рече Ванг Бо, директор на одделот за достава и услуги на Huawei.
По повод 60-годишнината од првото успешно искачување на Монт Еверест по северната рута и 45- годишнината од првото службено мерење на највисокиот врв на светот, поставена е 5G мрежа, која ќе овозможи следење во живо на идните експедиции од 6.500 метри височина.