– ММС
Истражувања

Штип – По изборите ,ден за изнесување на документи

Илчо Захариев, сега бивш штипски градоначалник и директорот на Ј.П Исар Ангел Бојаџиев, денеска не се појавиле на своите работни места, сведочат вработени.

Во нивните кабинети сепак било доста раздвижено. Нивни блиски соработници, изнесувале кутии и ги ставале во приватни возила. Што има во кутиите не е познато, иако било споменато дека станувало збор за собирање и изнесување на лични работи. Информациите велат дека овие активности биле пријавени и во Полиција, но од тука не ја потврдуваат оваа информација.

Сепак граѓани успеле да ги фотографираат овие активности од пред општинската зграда.

Се обидовме и телефонски да контактираме со директорот на Ј.П Исар Ангел Бојаџиев, но тој не одговара на повиците,се вклучува постојано телефонска секретарка.

Новиот градоначалник Благој Бочварски изјави дека очекува Захариев да го покани на примопредавање на функцијата, но најверојатно тоа ќе се случи откако ќе помине првичниот шок од неуспехот на вториот круг од локалните избори, каде што разликата во корист на победникот изнесува 1715 гласа.

Лограње

X

Регистрација