ММС

(видео) Како се играше оро за Бајрам во Чаир

Полициски час, ограничување на мерките за движење и собирање, држење растојание…Како за кого. И покрај препораките, собирањата на престануваат, исто како што не престанува растот на новозаболените од ковид 19. На социјалните мрежи беше објавено видео од оро во скопската населба Чаир. Засега исостануваат реакциите на институции, но не така одамна за орото во Гевгелија во деновите потоа, следеа преркршочни пријави за идентификуваните учесници.




Граѓаните реагираат на појавите на вакви собирања. Адвокатот Александар Тортевски напиша на социјалната мрежа Твитер:

„Со 37 новозаболени покажуваме дека го избравме најлошиот пат во борбата против вирусот. Со огромна блокада на економијата и менталитет на стадо. Попуштањето кон верските заедници ќе не чини милијарди евра и стотици новозаболени и мртви“.