ММС

ЖЕНА ХЕРОЈ: Емилија Динева го загуби својот, но нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Она што денес јавноста го живее и се поклонува на лекарите е заслуга на Емилија Динева. За жал, тоа е жената која животот го загуби во сообраќајна незгода, но нејзиното срце и двата бубрега, кои се донираа ќе продолжат во животот на други луѓе.  Тоа е човечноста.

Од вчера вечерта, откако министерот за здравство, Венко Филипче ја објави веста дека ќе се прави трансплантација на срце за прв пат во Македонија, до утрово кога објави дека трансплантацијата е успешна не престанаа позитивните коментари и честитки до лекарскиот тим, а најмногу на донорот Емилија Динева од Стар Дојран, чие срце и бубрези спасија три животи.

Фејсбук статусот на нејзината блиска сограѓанка Здравка Шурдоња ги разнежни сите.

-За жал еден живот згасна, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба…  Прерано не напушти… Емилија Динева твоето срце душо продолжи да чука, нашиша таа.

Ноќта се случи првата и успешна трансплантација на срце, но на Клиниката за урологија траат  трансплантациите и на двата бубрези.  Лекарскиот тим е под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Филип Ѓоршевски, пак, објави фотографија на поклон на лекарскиот тим до жената донор.

-Тој човек не е „донор“ туку личност со име и презиме, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години заедно. Вакви луѓе се вистински светци и поради нов се уште живее вербата во хуманизмот и човечштвото. Наклон, напиша тој на својот Фејсбук профил.