ММС

Милиметарските потези во ноти, ја свиреа симфонијата „Живот“: Успешна прва трансплантација на срце во Македонија (ФОТО)

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!, информираат од Универзитетската клиника Државна Кардиохирургија.

„Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” ! Честитки Господа !!! , стои на Фејсбук страницата на Универзитетската клиника Државна Кардиохирургија.