ММС

Во Сплит ќе се гради најголемата луксузна јахта во светот

По изградбата на големиот поларен крузер, во „Бродосплит“, кој е дел од групацијата ДИВ, ќе се гради и најголемата луксузна јахта во светот. Се работи за резиденцијална јахта долга 282 метра, која ќе плови под норвешко знаме. Норвежани се и проектанти на јахтата, која треба да биде завршена во 2024 година.

Суперјахтата бил филантропски проект, пренесуваат хрватски медиуми. Со неа ќе може да се реализираат и научни и океанографски истражувања.