ММС

Граничарите едвај ги пребројале парите: Со полн „мерцедес“ евра тргнал за Турција

Српските граничари вчера на граничниот премин Шпилјани, во соработка со полицијата, спречиле криумчарење на повеќе од половина милион непријавени евра, пишува „Телеграф“.

Со луксузниот „мерцедес“ со турски ознаки управувал 40-годишен турски државјанин, кој наводно од Црна Гора тргнал за Турција. На влезот во Србија на царинските службеници им пријавил дека има 8.000 евра, а тоа не го надминува лимиот што граѓаните можат без пријавување да го пренесат преку граница. Сепак, искусните цариници одлучиле да извршат детален прегед на возилото и имале што да видат…

Ниту една шуплина во „мерцедесот“ не била празна. Секаде имало непријавени девизи во помали апоени. Биле избројани дури 562.805 евра. Возачот е уапсен.