ММС

Најмалку 56 загинати при паѓањето на авион во станбен блок во Карачи

Најмалку 56 луѓе загинаа во вчерашната авионска несреќа, кога авион на пакистанската национална компанија со 99 патици и членови на екиажот се урна во станбен блок во Карачи, главниот град на Пакисан, изјавија за „Ројтерс“ од двете болници каде што се донесени телата на загинатите.

Засега се пронајдени двајца преживеани. Едниот е Зафар Масуд, претседател на Банката во Пенџаб, кој, според здравствените служби, бил свесен и добро реагирал. Вториот преживеан е инженерот Мухамед Зубаир.

„Видов само оган и чад. Слушав крици од сите страни. Некако скокнав два-три метри за да дојдам на посигурно“, изјави Зубаир од креветот во болницата во Карачи.

Пилотот на авионот пред уривањето пријавил во контролната кула на аеродромот дека му откажале моторите.

Авионот се урна во густо населениот станбен блок во близина на аеродромот во Карачи.