ММС

Разведен маж: „Ме остави бидејќи ги оставав валканите садови во садопер“

Метју Фреј, блогер од Кливленд и разведен татко напишал мачна објава на својот блог за разводот со наслов: “Ме остави бидејќи ги оставав садовите во садопер”.

Фреј предоцна сватил дека скоро сите работи во домаќинството и грижата за децата ги препуштил на жената. Секогаш кога ќе влегла во кујната, и кога ќе видела немиена чаша на садопер, само неколку сантметри покрај машината за миење садови, се повеќе била блиску до одлуката да стави точка на нивната љубов. Парот се развел пред неколку години.

„Не сакаше да ми биде мајка. Сакаше да ми биде партнерка и сите мои способности и знаења и интелегенција сакаше да ги насочи на управување на нашите животи и домаќинството. Би сакал да се сеќавам на она што тогаш ми звучеше неразумно.“

Секако, не станувало збор за чашата. Денес му е јасно дека проблемите во односот биле подлабоки од оние очигледните. Затоа и пукнало.

Неговиот пост добил неколико милиони прегледи, и со делење преку HuffPost со брзината на светлината станал вирален. А веројатно и многу парови ја делат сличната судбина.

Денес Метју поучен од своето искуство советува многу парови за да го спасат својот брак, доколку имаат слични проблеми. Тој нагласува дека не е психотерапевт, но заинтересирани и понатаму има.

За таква пракса на психотерапевти Jodie Eisner вели  дека би можело да биде добар старт за парови, кои се уште не се подготвени за вистинска терапија, но бараат совети за да го подобрат бракот.

Извор: kurir.rs

Фото: dress-sr