ММС

МИЛФ: Како да заведеш жена во зрели години- мамка за помлади мажи

Зошто мажите „паѓаат“ на жени во зрели години, ова е тема на многу психолози, а трендот кој заживеа години наназад веќе не се оспорува, бидејќи разликата во години веќе не е табу.

Жените „во години“ имаат потреба како и сите други, и ова е клучен факт со кој почнува „прирачникот“ за заведување на милфици, како што ги нарекуваат. Иако овој термин баш и не им одговара дури е и дискриминаторски, сепак, за несреќа е примен од припадничките на поубавиот пол.  Значи, второто правило е- не го употребувај!

Ако настапите со фразата „На мене годините не ми пречат“, знајте веднаш дека сте губитник.  Овие жени имаат големо количество памет и веднаш ќе те сметаат за будала. Бидејќи, ако размислиш малку подобро, што би користел ваква „мудра“ констатација ако годините навистина не ти претставуваат проблем. Сметај ја рамна на себе, ако сакаш да бидеш парламентарен во разговорот.

Вистината е што жените со годините многу успешно ги селектираат своите приоритети, а за тоа што сакаат, не можеме секогаш да бидеме начисто. Затоа, иако си помлад, научи ја да те сака тебе, а таа јасно ќе ти покаже дали е заинтересирана или на за впуштање во авантура со помлад маж.

Не се труди да ја фасцинираш со своите зрели ставови, бидејќи ако веќе покажала интерес за тебе, значи дека и е потребен некој кој штотуку почнал да живее со „полни плуќа“.

Од друга страна, не биди премногу незрел. Ќе ја одбиеш уште од старт. Запамти, таа живее потполно поинаков живот од тебе и ги поминала сите тие „детски болести“ кои сега не и се интересни.

Врската со неа нема да оди во насока кога тебе ти одговара. Таа има обврски, мора да се прилагодиш на нејзиниот распоред.

Дури и кога ќе помислиш дека ја имаш, не биди премногу сигурен. Секогаш нека ти е на памет дека пред тебе поминала доволно и секој обид да ја манипулираш може да биде кобен само по твоето его.

Со среќа!

Извор: pravda.rs

Фото: novosti.rs