ММС

Приказна која го расплака Балканот-Самотијата и човечноста не признава вера

Самотијата е најлошата работа која може да му се случи на човекот, особено ако дојде во длабоката старост. Тој факт, за некого,  е уште полош ако си единствена Србинка во цело село, кое е пред умирање а сместено е на Косово. За баба Владица Дичиќ(92) од селото Вагнеш на Косово ова е секојдневна реалност. И помага човек со големо срце, Фадил Рама. Двата сина на баба Владица живеат во Србија а Рама е единствениот кој се грижи за неа, и носи храна и сите други потребни намирници за да живее нормално.

Во прилогот кој го снимил порталот Al Džazira Balkans, Фадил Рама раскажува како се грижи за баба Владица, ја посетува два пати неделно, поради што таа го смета за трет син и секогаш кога тој си заминува од кај неа таа не може да ги сопре солзите.

Погледнете ја приказната за тоа каков може да биде животот: