ММС

Полицискиот час овој викед од 11:00 часот во недела до вторник до 05:00 часот

Техничкиот премиер Оливер Спасковски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11:00 часот до вторник, до 05:00 часот.

– Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, истакна Спасовски.

Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.