ММС

Полуподморница доби Охридското езеро-Нова туристичка атракција за туристите

Охрид од денес може да се пофали со нова туристичка атракција, која сигурно  ќе предизвика интерес кај домашните и странски гости кои би доаѓале во Охрид,

Станува збор за полуподморница која беше донесена од Сплит, Хрватска и со неа ќе може да се ужива во подводните убавини на Охридското езеро до длабочина од метар и половина.

„Зошто е полу подморница? Затоа што неговиот носител, односно пловен дел се наоѓа на површината на водата. Газењето му е малку подлабоко и има можност луѓето да се спуштат долу и да го разгледуваат подводниот свет . Тоа  е некој стилизиран односно унапреден вид на чамец со стаклено дно. Метар и триесет и пет е целосното газење на овој пловен објект, под површината на водата“, изјави Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на пристаништа.

Полуподморницата е долга  10 метри а широка 2.5 метри. Се очекува наскоро да почне со работа. Како за споредба, на Црногорското приморје половина час возење со иста ваква полуподморница изнесува 6 евра.