ММС

МТСП:Мајките се на платено боледување додека траат вонредните мерки

По бројните прашања во јавноста и реакции, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека мајките кои се на породилно отсуство остануваат дома се’ додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа. Министерстовото објаснува дека Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за  отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство  и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку ФЗОМ.

-Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по заклучоци од Главен координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести, соопштуваат од МТСП.

Повеќе граѓани се обратија до Канал 77 со реакција дека и покрај владината Уредба, од работадавачите им било соопштено дека треба да се вратат на работа и нема да добиваат надоместок. Прашан на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека продолженото породилно боледување е до крајот на мезецов.