ММС

Со мајка ми сакаа да почиваат заедно- телото на Бата Живојиновиќ од Белград ќе се пренесе во Корачица, рече син му за четири години од смртта

На денешен ден пред четири години си замина легендарниот југословенски актер  Велимир Бата Живојиновиќ, познатиот Валтер. Доби улица во Белград и во Ниш, но ништо не се направило во местото Корачица, во близината на Младеновац, кое го прославил и кое секогаш го споменувал. Бата денес им недостасува на сите, но сепак, најмногу на неговото семејство, ќерката Јелена, синот Миљко, кој се уште живее во Париз.

-Ова е прв помен за татко ми, на кој нема да присуствува нашата мајка Лула, а последен кој ќе се одржи во Белград, со оглед на тоа што наскоро неговото тело ќе го пренесеме покрај неговата сакана сопруга во Корачица.  Тоа е нешто што тие двајца одсекогаш го сакале- да почиваат заедно. Сестра ми Јелена и јас не сме во можност да дојдеме, иако тоа многу го сакавме. Ќе дојдат наши блиски пријатели и роднини, а пред се мојата ќерка Дина, која единствена од внуките ќе биде, за да достојно се одбележат четири години откако Бата не напушти. Сето ова време тој е со нас, во нашите мисли и молитви, изјавил негвиот син Миљко.

Бата, како сите го викаа, е рекордер по бројот на улогите – околу 300 главни и епизодни, а беше познат и по тоа дека никогаш не одбил улога. Публиката секогаш ќе се сеќава на партизанските филмови снимани во 60тите и 70тите години како: Валтер од “Валтер го брани Сараево”, Хајрудин Крвавац во “Битката на Неретва” и “Козара”- Вељко Булајиќ, како пијаниот Загорец од “Бреза”…

 

Текст: alo.rs