ММС

Ги изгоре мажите- Жената која никогаш не старее денес полни 50 години

Славната манекенка Наоми Кампбел го  слави 50 роденден, и иако поради пандемијата и ограничувањето нема да направи журка каква што сакала, сепак, ќе го прослави со блиските пријатели .

„ Не ми е страв од 50 роденден. Ќе го прославам во Њујорк, а кога ќе помине кризата ќе го прославам како треба. Има време за славење, рекла Наоми , која на сцената е над 30 години.

Таа на својата сметка има над 45 милиони фунти, но почетоците не и беа така сјајни. Нејзината кариера почна кога имаше само 10 години.

„Наоми е инспирација на многу жени веќе со децении. Таа постави нови граници во светот на модата, а посебна надеж им даде на сите црномурести жени кои сакаат да се занимаваат со мода“, изјавил Клиф Воте, водител на театарската школа во која дел била и Наоми, и дека таа била омилена меѓу учениците и професорите, пишува Мирор.

На 15 години потпишала договор со модната агенција Synchro.

“Мајка ми сакаше д завршам школо, но јас сето тоа поинаку го замислував, напишала манекенката во својата автобиографија која е објавена 2016 година. Првото снимање го направила за магазинот Elle, а тоа беше почетокот на нејзиниот пат кон врвот.  Нејзиниот професионален успех до денес не е срушен, но нејзиниот приватен живот го следеа многу афери, ја сметаат за убава жена со тежок карактер, темпераментна дива која ги „јаде“ мажите.  Поради тешкиот карактер таа има четири тужби за физички напад, 11 пати завршила на суд поради напад на вработените, асистентите и други луѓе и тоа од 1998. до 2009.

Никогаш не се мажела и не жали за ништо

Во текот на кариерата работела со Џани Версаче, Исак Музрахи и многу други, пред да се појави на насловните страници на британскиот Вог во 1987. година. Се борела со зависност.

-Поради дрогата се чувствував непобедиво. Како да можам да го освојам целиот свет. Кога ќе се разбудев следниот ден се изгледаше грозно, признала таа.

Била во врска со многу познати фаци. По врската со Adam Clayton басист на групата U2, била и со главниот на Формула 1, Флавио Бриаторе. Пет години била во врска со рускиот бизнисмен Владислав Доронин. Минатата година ја озборуваа дека е во врска со 23 години помладиот пејач Liam Payn, но тоа никогаш не го потврди. Никогаш е се венчала и тоа за неа е сосема во ред.

-Ги сакам луѓето од различни причини, изјавила таа.

Пред роденденот таа рекла дека сака годинава да ја помине во  друштво на драги луѓе. Во текот на кариерата поради својот беспрекорен изглед го доби прекарот „црн пантер“ и „жената која никогаш не старее“.

Текст: dnevnik.hr

Фото: fansshare.com/ justdial.com