ММС

Ми иде на нерви, ми иде очи да му ископам ама… открила пејачката Нивес Целзиус за бившиот сопруг, фудбалерот Дино Дрпиќ

Пејачката Нивес Целзиус(37) за Ин Магазин изјавила дека се уште е слободна, а на гостувањето прозборела и за односот со својот поранешен сопруг, некогашниот фудбалер на „Динамо“, Дино Дрпиќ (38).

-Со таткото на моите деца сум во однос каков треба да имам, најдобар можен. Без оглед на тоа што често ми иде на нерви и ми иде очи да му ископам, а веројатно и тој на мене, тоа е вистинската личност кому би му се обратила ако се најдам во некаква ситуација и ми треба помош. Единствено таа навика ми остана од периодот на бракот кога несебично се сакавме, рекла Целзиус.

Таа кажала како со Дино останале добри пријатели и дека заеднички се грижат за нивните деца  Леоне (14) и Таиша (12).

Таа неодамна на социјалните мрежи се пофалила како  го нашла својот леопард венчален фустан , кога во 2005 година се омажила за фудбалерот во Лас Вегас. Се разведоа после девет години брак.

Извор: 24sata.hr