ММС

Гледај го како спие и ќе знаеш каков маж си имаш до себе

За да дознаете каков е вашиот маж или партнер, само гледајте го додека спие. Тука, на креветот покрај вас, лежи целата приказна за неговите успеси и падови.

-Ако со лицето длабоко е нурнат во перницата, тоа значи дека веќе го испланирал целиот живот, но и дека е голем паничар. Ако секогаш спие цврсто со затворена уста, тоа значи дека длабоко во себе е огорчен и бесен. Ако е така, почнете да истражувате зошто е таков.

-Мажот кој се крие под јорганот е повлечен, а и техниките на заведување му се чудни.  Во исто време има многу пријатели, кои уживаат во негово друштво. Понекогаш е толку фрустриран и сака да побегне од се и од секого.

-Ако спие згрчен, ако рацете му ги допираат колената, а со брадата се потпира на градите, ќе сфатите дека длабоко во себе е несреќен.   Ако така спие само понекогаш, не паничете, тоа е само показател дека е многу несигурен во себе.

-Мажот кој спие така што ќе го заземе целиот кревет има силна личност и сака се да држи под контрола. Тој во животот не се двоуми многу, ниту,пак, е несигурен. Со леснотија менува работни места и стекнува нови искуства. Мана му е што понекогаш е премногу себичен, но бидете трпеливи- со време ќе ви покаже дека умее да биде внимателен и чувствителен.

-Ако спие право, како свеќа, тоа значи дека пука од самодоверба и позитивна енергија. Ниеден проблем за него не е премногу сериозен и нерешлив. Понекогаш може да ве изнервира што смета дека во се е најдобар, најубав и најпаметен, а понекогаш дека премногу работи па поради тоа ве занемарува вас и пријателите.

-Ако и сега спие со омилената  играчка од детството, значи дека станува збор за многу грижлива личност, најсреќен е кога е со саканите луѓе. Сака да биде во центар на внимание, но тоа никој не му го забележува бидејќи е многу мила и несебична личност.

Текст: novosti.rs

Фото: muskimagazin.rs