ММС

ВИДЕО: САД против Југославија во 1992 во Барселона? Тоа би било пеколно, вели Тони Паркер

Познатиот српско-шпански глумец, Дарко Периќ, попознат како „Хелсинки“ од хит серијата „Le Casa de Papel“, по двете одличните интервјуа со иконите на европската кошарка, Жељко Обрадовиќ и Џиџи Датоме, сега во едночасовен разговор зборуваше со поранешната НБА ѕвезда, Тони Паркер.

Паркер и Периќ чепнаа многу теми од животот на францускиот кошаркар, евоцираа спомени од времето во НБА, новиот документарец „The Last Dance“. Помеѓу другото се навратија во 1992 година и Олимписките игри во Барселона, како и никогаш одиграниот меч на дрим-тимот на САД предводен од Џордан и Меџик Џонсон и дрим-тимот на Југославија.

-САД против Југославија во Барселона на Олимписките игри? Тоа би било пеколен натпревар. Тоа би било баш убаво, прокоментира Паркер.

Миленикот на Крег Поповиќ и дел од феноменалниот тим на Сан Антонио Спарс се потсети и на документарецот што го гледал за двајцата пријатели, Владе Дивац и Дражен Петровиќ.