ММС

МВР-билтен: Тепачка пред продавница во Пробиштипско, скопјани нападнати од кучиња, сообраќајки…

На 19.05.2020 во 14.30 часот на паркинг на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Л.(39) и Г.С.(33), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.05.2020 во 17.30 часот на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(45) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.05.2020 во 16.30 часот на ул.„5“ с.Брњарци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(37) од с.Арачиново,скопско, бидејќи управувал патничко моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки кое било натоварено со огревни дрва за кои не поседувал документација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 во 19.30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од Полициска станица Кичево го лишиле од слобода З.З.(50) од Кичево поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а при претрес кај пријавениот пронашле и одзеле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.05.2020 околу 18.45 часот пред продавница во с.Стрмош, пробиштипско, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода С.В.(27) од с.Стрмош бидејќи по претходна расправија со С.Д.(22) од с.Стрмош со шише му нанел повреди на С.Д. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2020 околу 18.30 часот на ул.„Благој Илиевски Гуне“ во Куманово, мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(24) од Куманово, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 19.05.2020 во 12.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 19.05.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.С.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Во текот на 19.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право за управување на моторно возило, еден возач поради управување на возило под дејство на алкохол и 28 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.