ММС

МВР-билтен: Разбојништво во Скопје, пукање во Куманово, сообраќајки…

На 19.05.2020 во 00.10 часот на ул.„Нов Живот“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, за време на забрана за движење, го лишиле од слобода Е.А.(20) од Скопје бидејќи не поседувал соодветна документација за мотоцикл „пиаџо“ без регистарски ознаки, кој го управувал, поради што постои основано сомнение за сторен царински прекршок. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2020 во 06.15 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(31) од с.Блаце бидејќи управувал товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое било натоварено со огревни дрва без соодветна документација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред банка во с.Сарај, скопско, три лица со закана со автоматски пушки, извршиле разбојништво над О.Б(27) од с.Крушопек, скопско, при што му одзеле торба со пари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 во 21.30 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(28) од Скопје бидејќи со пиштол му се заканил по живот на еден од полициските службеници, по што се обидел да го напушти местото на настанот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.05.2020 околу 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Куманово едно лице, кое управувало патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2020 околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2020 во 10.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во с.Ерџелија, светиниколско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Кочани, изгубило контрола и удрило во бетонски столб. По незгодата С.С. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

На 18.05.2020 во 18.15 часот на локалниот пат с.Фалише – Тетово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(23) од Тетово, изгубило контрола и удрило во бетонски столб. По незгодата, сопатникот С.М.(36) бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 18.05.2020 во 17.00 часот на ул.„АСНОМ“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „пежо бипер“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Штип, мопед „Aprilia SR 50“ со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(41) од Штип и мопед „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.А., и бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Штип.

Во текот на 18.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право за управување на моторно возило, двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и 13 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.