ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/19/20 8:50 AM

Нелелгални мигранти запалија хала на „Агрокомерц“ во БиХ

Празна хала на „Агрокомерц“, која е оддалечена еден километар од мигрантскиот центар Мирал во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, била запалена синоќа околу 19 часот. Како што потврдуваат од противпожарната единица во Велика Кладуша, се работи за голема хала во која престојуваат нелегални мигранти, кои, наводно, откако дознале дека ќе бидат преместени, најверојатно од револт, го запалиле големиот објект.

„Чадот стигнуваше и до еден километар во височина. Не повикаа и граѓани и полицијата. Кога стигнавме на местото, пламенот беше распламтен. Овде мигрантите престојуваа илегално неколку месеци. Доаѓала полиција, објектот требаше да се затвори, па поради тоа веројатно го запалиле“, велат од противпожарната единица, пренесува сараевско „Ослобоџење“.

Потврдуваат и оти во близина на објектот виделе мигранти, но повеќе информаци не соопштија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1