ММС

МВР-билтен: Сообраќајки, криумчарење мигранти…

На 17.05.2020 во 21.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделот за гранични работи и миграции, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали и корупција, поднесе кривична пријава против С.М.(18) од с.Иловица и А.А.(28) од с.Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 16.05.2020 во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“ дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки. Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово. При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан.

На 17.05.2020 околу 16.10 часот во населба Бабуна во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано В.З.(26) од Велес удрилo во седумгодишнo девојче од Велес. По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 17.05.2020 во 18.40 часот на регионален пат Извор – Прилеп, делница Прилепско Езеро-Прилеп, патничко возило „фолксваген туран“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(56) од Прилеп изгубило контрола и излетало од патот. По незгодата, сопатничката М.Ј.Д.(50) од Прилеп била пренесена во Општата болница Прилеп каде од доктор и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 17.05.2020 во 21.15 часот на ул.„М.Стефаноски“ во Кичево, полициски службеници од Полициска станица Кичево, за време на забраната за движење, го привеле П.С.(58) од Р.Албанија поради непријавен престој во Р.С.Македонија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.05.2020 околу 18.00 часот на локален пат с.Катланово-с.Брезица во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(46) од Скопје и патничко возило „нисан примера“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Велес. По незгодата сопатниците во патничкото моторно возило „лада“, Р.Ј.П.(48) и 10 годишна малолетничка, двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатите денови(15, 16 и 17.05.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирано е едно возило бидејќи било нерегистрирано и 31 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.