ММС

Објавено на: 05/20/20 8:43 AM

Од 1 јуни дозволено патувањето меѓу Бугарија, Грција, Србија и Романија

Од 1 јуни ќе биде дозволено патување на граѓаните на Бугарија, Грција и Србија без задолжителниот карантин. Во оваа група на земји треба да влезе и Романија, доколку романскиот парламент донесе ваква одлука. Ова е резутатот на вчерашната видеоконференција меѓу премиерите на четирите земји инициран од бугарскиот – Бојко Борисов.
Веста ја објави бугарскиот премиер Борисов на брифинг со новинарите, каде најави дека веќе е подготвена заедничка унифицирана изјава, која ќе ја пополнуваат патниците на граница. Ќе содржи декларативна согласност на патникот и изјава дека патува на сопствен ризик, со бројот на неговиот телефон.
Со тоа, рече Борисов, четирите земји стануваат единствена безкарантинска зона.
Целта е да се создадат услови за обновување на патувања и туризам кај граѓаните од четирите држави без наметнување 14-дневен карантин, но истовремено да се почитуваат и сите хигиенски услови за безбедност и превенција од коронавирусот.
-Ако успееме да најдеме заеднички јазик, како што препорача Европската комисија, прво во регионални рамки да си ги отвориме економиите, туризмот, бизнисот, комуникацијата и се’ останато што категорично до запревме поради епидемијата. Имаме големи заеднички инфраструктурни проекти со соседите, пред се’ со Србија и Грција. Изготвивме едноставна изјава, која се пополнува на границата, каде стои и дека патниците во случај да забола,т се обврзуваат да плататат од осигурување или со сопствени средства, изјави Борисов. 

Четирите земји имаат редовни вакви четрилатерални средби, на кои се разгледуваат прашања од заеднички интерес. Македонија не е во овој состав. 
Бугарија е во преговори за исти вакови договори со Австрија и Германија, бидејќи како што објасни премиерот Борисов, со овие земји има интензивна економска соработка. Многу бугарски компании набавуваат опрема, а очекуваат да дојдат и нивни експерти во исталација на таа опрема. Особено активни се и стопанските комори меѓу трите земји, кои очекуваат владите да излезат во пресрет на бизнисот.
Борисов се договорил со српскиот претстдател Александар Вучиќ да му ја покаже изградбата на „Балкан тек“ и автопатот „Европа“ на 1 јуни, а со грчкиот премиер Мицотакис, интерконекторот со Грција и автопатот Струма.
Разгледано е и отворањето на рестораните од 1 јуни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.