ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/18/20 8:22 AM

На денешен ден Бошко и Адмира, сараевските Ромео и Јулија, прегрнати отидоа во смрт

На денешен ден пред точно 27 години Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, сараевските Ромео и Јулија, се убиени на мостот Врбања. Нивната љубовна приказна траеше девет години, но ја прекинаа снајперски истрели, а сликата од нивните прегрнати тела го обиколи светот.

Бошко и Адмира се родени во 1968 година. Се запознале на Олимпијадата во Сараево во 1984. По кратко другарување, пријателството прераснало во голема љубов, па, како круна, се подготвуваше и вечавка. Бошко беше Србин, а Адмира Бошњачка, но тоа не преставуваше никава пречка ни за нив ни за нивните родители.

Но, лудостите што ги донесе тогашната војна во БиХ, а и речиси низ цела тогашна СФРЈ, ги прекина нивните планови. За да ја сочуваат својата љубов, двајцата одлучиле да го напуштат Сараево. Иако се’ било договорено, преминувањето на мостот на 18 мај 1993 година за нив било кобно.

Првиот снајперски куршум го погодил Бошко, а вториот Адмира. Иако тешко ранета, Адмира успеала ползејќи да стигне до телото на Бошко и да го прегрне, за нколку минути подоцна и таа да почине.

Војската на Република Српска, по осум дена откако биле убиени, ги извлекла нивните тела од мостот и ги погребала во Луковица. Подоцна родителите на Адмира посмртните останки ги префрлаат во заедничка гробница за двајцата во Сараево.

За жал, до денес никој не одоворал ниту, пак, била поведена било каква истрага за убиството на сараевските Ромео и Јулија, пишува денеска „Аваз“, но и речиси сите медиуми во Сараево и во БиХ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1