ММС

Битолчанец си изработувал дозволи за движење во полициски час и документи за кредити

Полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршија претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување на дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети.

Притоа, З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М.