ММС

(видео)Петров: Директорите ги упропастија фирмите, не стечаните управници

Претседателот на Комората на стечајни управници Ацо Петров не бега од одговорноста на стечајните управници, за што има и затворски казни и одземени и необновени лиценци, но прашува што може да направат  управниците со целосно уништен деловен субјект доведен до просјачки стап, без имот и стечајна маса.

– Стечајот треба да биде шанса за реорганизација и реобновување на биснисот. Со тоа ќе бидат задоволни и работниците и доверителите. Но што може да направиме ние ако директорите и сопствениците намерно ја довеле компанијата во таква ситуација. Зошто речиси никој од нив не одговарал за тоа и зошто доверителите не поднесуваат  кривични пријави против нив – вели Петров кој ги демантира обвинувањата за големи награди и хонорари на стечајните управници.

– Има и меѓу нас неспособни и криминално настроени колеги, но се претерува со  генерализирањето дека ние сме најкриминогена фела во општеството, просто да ти е непријатно да се бавиш со оваа професија. Впрочем Фени е доказа дека секој стечаен управник е заинтересиран стечајот да трае пократко затоа што ќе добие поголема награда. Со одолговлекувањето на роковите се намалуваат и сумите што може да ги добие од доверителите, – беше одговорот на Петров на прашањето за стечајниот управник на Фени кој за кратко време успеал да го рестартира акомбинатот и добил над 200 000 евра награда, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал77.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.