ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 9:56 AM

Голема еко-акција пред стартот на туристичката сезона во Охрид

Охрид ќе се чисти. Акцијата закажана на 9 јуни е иницирана од „Супер радио“, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми и еколошките и спортски друштва од Охрид.

– Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта за чистење на централниот дел од градот.

Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Огромно е задоволството за нас што не наидовме на затворена врата секаде каде се обративме за поддршка на акцијата. Спортски, еко-друштва, студенти и средношколци се нашите партнери во акцијата.

Она што е особено важно е што акцијата би сакале да ја прифатат сите и во сабота да дојдат на една прошетка по плажите со семејството и сите заедно да помогнеме и со дружба да направиме Охрид да блесне во целата своја убавина пред оваа туристичка сезона – велат од „Супер радио“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1