Владата ја крие вистинската бројка на заразени, болниците се полни, луѓето умираат- скопјанката Kристина Митровиќ објасни како се живее со корона заразата во Танзанија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/20 9:22 AM

Владата ја крие вистинската бројка на заразени, болниците се полни, луѓето умираат- скопјанката Kристина Митровиќ објасни како се живее со корона заразата во Танзанија

Задолжително носење маски, држење дистанца, миење раце, забрането групирање, полициски час.., веќе трет месец овие препораки се задолжителен дел од нашето секојдневие. Како понатаму? Како ќе се патува? Дали ќе одиме ли на одмор и каде?  И уште илјадници прашања за тоа како безбедно да продолжиме со животот.

Но, дали овие прашања ги мачат и другите. Ако дознаете како живеат во Танзанија, ќе сфатите дека  понекогаш е не е добро се да се знае. Скопјанката Кристина Митровиќ веќе подолго време живее во Дар Ел Салаам, главниот град на оваа африканска држава и вели дека  кога почна стравот од Ковид-19 таа само еден ден се уплашила што ќе се случи со неа, бидејќи е далеку од дома. Но, решила да не се враќа, сама да се заштитува колку може, бидејќи стравот од зараза овде речиси и да го нема.

-Првиот случај на Ковид- 19 во Танзанија беше регистриран на 16 март во Аруша, од тогаш до денес се прошири низ скоро сите градови. Не можам да коментирам што се случува точно надвор од  Дар Ес Салаам, меѓутоа тука ситуацијата воопшто не е критична. Бројот на заразени е мистерија поради фактот што  претседателот изјави дека тестовите за Ковид -19  донирани во Танзанија се невалидни и скоро сите покажале позитивен резултат. Во моментот немаме полициски час ниту пак било каква наредба за затварање на бизниси. Предупредени сме да носиме маски надвор од дома а повеќето од луѓето се уште си  одат на работа. Затворени се само некои  бизниси и тоа на сопствена иницијатива. Рестораните работат само за достава, скоро сите супермаркети исто така прават достава така да ако сакаш  не мора не излегуваш. Ние седиме во карантин по наша желба, чисто превентивно и засега изгледа дека се е во ред и под контрола, вели Кристина.

Во градот кај што живее таа имало неколку болници кои примале заразени од  Ковид- 19, како и телефонски  броеви за повеќе информации и инструкции за луѓе кои имаат симптоми. Туризам моментално немаат,хотелите се затворени ,плажите и базените се празни, бидејќи нема странски туристи.

-Немаме никакви рестрикции од владата, затоа луѓето колку толку сами по своја иницијатива пробуваат да се заштитат, колку што можат. Има само препораки да внимаваат со големите собирања по јавни превози, цркви, пристаништа.. Овде мнозинството живее од денес за утре, така да навистина не се во состојба да прогласат локдаун, бидејќи дури тогаш ќе се случи хаос.  Затоа апсолутно никакви информации и новости за корона состојбата, не кажуваат. Ако сам си слушнеш од муабети од луѓе. Само  тоа. Се зборува дека болниците се полни и дека има смртни случаи на постари и хронично заболени, ама само се зборува. Маски се носат, многу ретко да видиш некој без маска, посебно од пред три недели кога владата наложи дека носење маски е задолжително. Но, дистанца меѓу луѓе нема, посебно не  во нивните локалните населби. А немаат па ни услови за такво нешто кога мораат да работат а единствено превозно средство им е јавниот превоз, објаснува Кристина.

Поради  недостаток на вистински информации, вели Кристина, луѓето не се во паника и не се плашат за нивното здравје и живот.

 

-Да, да тажно е многу ама и чудо од луѓе се. Навистина ,не се во паника, позитивни се,насмеани и  си веруваат во некои свои чуда. На почетокот имаше муабети меѓу нив, не знам можеби и сега, дека вирусот не напаѓал црномурести или ништо не им можел бидејќи тие се растени во големи прашини, па нивните дишни органи биле многу посилни од другите раси. Мислат а тоа го кажа и претседателот на државата дека вирусот е пратен од демон, а демоните на христијаните ништо не им можеле, па со молење се ќе поминело. Искрено кога се почнуваше со ставот од корона, пред некои два месеца баш и мене ме фати една паника, дека сум во Африка, каде што сите знаеме дека здраството е многу сиромашно,дека сум далеку од дома. Ама тоа траеше еден ден и не се вратив дома, решив тука да останам и сама да се штитам колку можам, ни рече Кристина.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7