ММС

Трет пакет економски мерки:150 евра државна помош за невработените и социјалните случаи

Со новиот предлог економски мерки таргетирани групи на студенти и средношколци ќе добијат пари за кофинансирање, сместување и за обуки за стекнување ИТ вештини во износ од 100 евра, а дополнително и 50 евра плус ако доаѓаат од семејства со помал приход

Предвидена е и награда за 3.000 доктори и медицински персонал на инфективните клиники, наредните месеци ќе добијат 20% повисока плата.

Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

– Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него, наведува Заев во објавата.

Во третиот пакет економски мерки ќе се обезбедат бескаматни кедити вредни 31 милиони евра преку Развојната банка, како и 120 милиони евра кредити кои ќе ги даваат комерцијалните банки, а гарант ќе биде државата.Земјоделците пак ќе добијат платежни картички за набавка на гориво, ќе има и директна  финансиска  помош  за преструктуирање на производството. Третиот пакет мерки се очекува да се објави почетокот на наредната недела