ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/20 11:25 AM

Деркоски: ДИК ќе се приспособува на препораките на здравствените власти, мора да има обработка на Избирачкиот список

Во ДИК сите сме сложни дека треба да се почитува Изборниот законик. Од тие причини внимавам да ги следам законските прописи и да не излезам од таа рамка и само на тој начин сите ќе се доведеме до еден успешен изборен процес, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски.

Во интервју за „Утрински брифинг” тој кажа дека избори мора да има, и дека ДИК ќе се прилагодува на препораките на здравствените комисии.

Тој укажува и на потребата од повторна обработка на Избирачкиот список.

-Избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но Избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат истиот се заклучува и со тој се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам, изјави Дерковски.

За да се запазат мерки за заштита од коронавирусот, на прашањето дали е можно зголемување на бројот на гласачките места за намалување на концентрацијата на граѓаните и продолжување на изборниот ден, тој  смета дека тоа може да се направи, но потенцира дека за тоа треба законска одредба.

-Сегашната бројка на гласачките места е од 300 до 1.200 гласачи. Надлежноста сега е во Владата. Околу продолжување на часовите повторно ќе кажам дека е потрбна законска измена, рече Деркоски.

Во однос на промената на изборните листи на партиите, преседателот на ДИК вели дека добиле барање од еден кандидат на листа каде тој во изјавата нагласува дека тој се кандидирал за избори на 12 април.

-Законот не дозволува и ќе треба да почекаме како ќе се одвива целата ситуација. Моментално нема исправање и изземање од кандидатските листи. Тоа е законски пропишано. Доколку се распишат нови избори тогаш веќе е друга ситуацијата, вели Деркоски.

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7