ММС

Објавено на: 05/14/20 8:39 AM

За стоте евра помош од државата, само во првиот ден се пријавија 2,35 милиони граѓани на Србија

Во Србија вчера почна пријавувањето за сто евра помош од државата за секој полнолетен граѓанин. Само во текот на првиот ден се пријавиле 2.350.000 граѓани, пишуваат српски медиуми.

Се работи за антикризна мерка на српските власти, а право да ја користат имаат сите полнолетни граѓани на Србија со важечка лична карта и живеалиште во земјата. Пријавувањето се одвива електронски преку Трезорската управа.

Пријавувањето ќе трае до 5 јуни, а исплатата ќе се одвива сукцесивно на секои пет дена. Пензионерите и граѓаните што примаат социјална помош не треба да се пријавуваат – тие помошта ќе ја добијат автоматски, а исплатата за нив почнува в петок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.