ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 9:37 AM

Автомобилската индустрија во последната деценија ги зголеми прходите за една милијарда долари

Благодарение на софистициран софтвер за следење и определување на цените на деловите за возилата, автомобилската индустрија само во последната деценија ги зголемила прходите за една милијарда долари.

Според документи до кои дошол францускиот информативен портал „Медиапарт“, станува збор за софтвер на комапнијата „Аксентур“ наречен „Партнео“, кој им овозможува на производителите на возила да идентификуваат за кои автоделови купувачите се подготвени да платат повеќе, за колку би можеле да ги зголемат цените, но и кои делови треба да бидат поевтини бидејќи постои мониторинг од разни регулаторни тела и осигурителни компании. Овој софтвер наводно го користат „Рено“, „Јагуар“ и грпацијата „Пежо-Ситроен“ (ПСА).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1