ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 9:28 AM

Факти за екологијата за светот во кој живееме

Дали сте забележале колку е променета климата во последно време? Човекот со своите дела постојано ѝ наштетува на природата.

Еко факти за светот во кој живееме:

– Секој ден 35 тони отпад се фрла во океаните, а океаните покриваат 71% од површината на земјата.

– Во 2015 година океаните ќе содржат повеќе пластика, отколку риби.

– Секоја година 17 барели нафта се употребуваат во индустријата за производство на амбалажа за еднократна употреба.

– Секоја минута се купуваат 1 милион пластични шишиња.

– Околу 80 процени од материјалите на депониите може да се рециклираат.

– 20% од глобалното индустриско загадување доаѓа од обработката и фарбањето на текстил за производство на облека.

– 99% од гардеробата може да се рециклира, а 70% од гардеробата не ја носиме.

– Загадувањето убива 9 милиони луѓе годишно.

– Годишниот пораст на температурите до 2100 година ќе биде по 4 степени Целзиусови.

– Тајван се обврза дека до 2030 година ќе ја елиминира пластичната амбалажа за еднократна употреба.

– Градот Дентон во Тексас, кој има 130.000 жители, користи само струја добиена од соларни панели и ветер.

– Њујорк со користење на ветерници ќе снабдува со струја 1.2 милиони домови и на тој начин ќе отвори 5.000 нови работни места.

– Шведска рециклира 99% од својот отпад.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1