ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 9:26 AM

Вработени во „Дизни“ и во „Лего“ се упасени за детска порнографија

Вкупно 11 лица, меѓу кои има вработени во „Дизни“ и во „Лего“ се уапсени на Флорида поради поседување и дистрибуција на детска порнографија, соопшти локалната полиција.

Осомничените се обвинети по 660 точки во рамките на операцијата „Чувари на невиност 2“, која има за цел да ги открие лицата кои поседуваат, рекламираат или шират детска порнографија, соопшти полицијата на округот Полк.

Меѓу запленетите материјали има фотографии „на деца, на бебиња кои се силувани од полнолетни мажи“, изјави шерифот на округот Грејди Џад.

Идентитетот на жртвите за сега не е утврден.

Еден од уапсените е 53-годишниот Роџер Кејти, раководител на проект во оддел за костимографија во паркот „Светот на Дизни“ кој секоја година го поседуваат милиони деца.

Друг уапсен е 30-годишниот Рики Варгас, кој работи во компанијата Лего. Тој признал дека разговарал со деца на интернет и разменувал голи фотографии со нив, рече шерифот.

Меѓу уапсените е и 48-годишниот Едвард Заборовски, кај кого се пронајдени снимки од  деца на возраст од 4 до 6 години. Тој е келнер во бар во округот Океола и волонтер во детски клуб за извидници каде што членува и неговиот син.

– Им се обраќам на родителите: мора да знаете каде одат вашите деца кога се на интернет, бидејќи каде што одат вашите деца, таму се и тие мажи, предупреди шерифот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1