ММС

Струмичкиот Баир на првата полуфинална вечер на Евровизија

За прв пат во историјата изборот за песна на Евровизија беше откажан, односно се одржа во еден поинаков формат.

Од гламурозната сцена, натпреварот се пресели во домовите на одбраните  претставници , кои ги изведоа песните на YouTube каналот  на Евровизија, при што покажаа како и каде ги поминуваат  овие „карантински денови“, предизвикани од пандемијата од Ковид-19 вирусот и испратија пораки до гледачите.

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев се обрати на синоќешното шоу од неговиот роден град од Струмица, поточно од познатиот струмички Баир, од каде што се гледа градот како на дланка, при што ги одбра неговите топ три евровизиски песни .

На трето место, Васил ја одбра Loreen со темата „Euphoria”, претставничката на Шведска во 2012 година, вторa омиленa евровизиска тема за  македонскиот претставник е „Црно и бело“ на Калиопи со која ја претстави Македонија во 2012 година,  и како фаворит за Гарванлиев е песната на претставничките на Шпанија од 1990 година, Azucar Moreno, „Bandido”.

Предходно, Васил се обрати до јавноста преку социјалната мрежа Facebook, при што говореше на Струмички дијалект и се пошегува дека „Струмичкиот баир ќе биде на Евровизија“

ШО?! Баиро на Евровизија?? Ми!!Вечер во 21:00ч⬇️⬇️⬇️https://m.youtube.com/watch?v=xNk7fAqYLiw

Gepostet von Vasil Garvanliev am Dienstag, 12. Mai 2020

Синоќа во невообичаеното издание , на првата полуфинална евровизиска вечер ги  преслушавме победничките композиции покрај од  нашиот Васил Гарванлиев со песната „You“ и на Австралија, Белорусија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка и Украина.

Васил Гарванлиев ја промовира евровизиската „You”

На 16-ти мај, кога требаше да се одржи големото финале во Ротердам , во Холандија ќе се одржи шоу под името „Eurovision:Europe Shine A Light”  каде ќе учестуваат сите учесници – преставници на државите, но и старите изведувачи на Евровизија кои ќе ги изведат своите песни на познати места ширум Европа. Водители од домашни услови ќе бидат Шантел Јанзен, Едсилија Ромбли и Јан Смит.

Кристина Алексиеска