ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 9:02 AM

Русија ќе испорачува гас кон европа до 2040

Директорите на Газпром и ОМВ вчера во Виена, во присуство на претседателот Владимир Путин и канцеларот Себастијан Курц, потпишаа договор за испорака на гас од Русија кон Австрија до 2040 година.

Актуелниот договор важи до 2028 година, а новиот, вчерапотпишаниот, е со краен датум до завршувањето на 2040 година. ОМВ се задоволни затоа што во Европа потрошувачката на гас расте на сметка на електраните на јаглен.

Со тоа, производството на електрична енергија ќе се намалува, како што веќе се случува во Холандија. Се предвидува дека до 2030 година, побарувачката за гас во Европа ќе порасне за околу 20 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1