ММС

Објавено на: 05/12/20 10:32 AM

Академија посветена на Меѓународната недела на сестринството во рамки на одбележувањето 200 години од раѓањето на Најтингејл

 На овој ден, 12 мај се одбележува 200-годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингејл, а светот треба да се фокусира врз уникатната улога на медицинските сестри, да им се заблагодари на нивниот несебичен придонес во борбата со Ковид-19 и да повика да се инвестира во сестринството. Не смееме повторно да бидеме неподготвени за глобална пандемија, соопштија од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС).

Овогодишната тема на Меѓународната недела на сестринството, што одбележува од 5 мај до денеска, е „Медицински сестри: Глас што води – Грижејќи се за здравјето на светот”, и таа, како што посочуваат од Здружението, не можеше да биде посоодветна за да покаже како сестрите имаат централно значење во решавање на разновидни здравствени предизвици, вклучително и пандемијата со Ковид-19. Во рамки на одбележувањето денеска во 12 часот ќе се одржи он лајн академија, а емисијата посветена на сестринството ќе биде премиерно емитувана на ФБ страницата на Здружението – zanas.mk.

Од Здружението лобираат за академско ниво, безбедни работни места, повисоки плати, забрзување на напредокот на универзална здравствена нега и покривање на населението кое нема пристап до здравствените сервиси, градење на млади лидери во нивната професија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1