ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/20 9:31 AM

Поради грешки, заразени повеќе од 1.000 морнари на носачот „Шарл де Гол“

Француската министерка за одбрана Флоранс Парли изјави дека поради грешки направени во текот на напорите за сузбивање на ширењето на коронавирусот се заразени повеќе од илјада морнари на носачот на авиони „Шарл де Гол“. Сите, освен еден од морнарите, меѓу кои имаше и дваесетина хоспитализирани, сега се оздравени, соопшти Парли во парламентот, пренесува „Ројтерс“.

„Врз основа на информациите што ги имаме сега, имало грешки во мерките. Истрагата покажува дека командантите и нивните медицинси советници ги прецениле способностите на носачот на авиони и неговата флотила во соочувањето со коронавирусот“, истакна Парли.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7