ММС

Објавено на: 05/12/20 9:02 AM

Еве како ќе се летува во Турција- На одмор со програмата за „Сертифициран здрав туризам“

Вчера во Турската амбасада во Скопје стаса соопштение од Министерството за кутура и туризам на Турција, во кое е содржан начинот, односно мерките кои оваа држава ги превзема за заштита од Ковид-19 . Еве што ги очекува туристите доколку се одлучат годинава на летување да заминат на турското крајбрежје. Соопштението од амбасадата ви  го пренесуваме во целост:

Министерството за култура и туризам на Република Турција ја започна програмата за сертифицирање здрав туризам, која ќе почне да се применува со отворањето на летната сезона од 2020 година. Сертификатот кој се издава под водство на Министерството за култура и туризам, со учество на Министерството за внатрешни и надворешни работи а во соработка со сите секторски засегнати страни, опфаќа широк спектар на мерки кои треба да се преземат во врска со транспортот, сместувањето, здравствената состојба на вработените во објектите и патниците. Овој сертификат (потврда) кој ќе го доделуваат меѓународните институции за сертифицирање, го претставува исполнувањето на високите критериуми за здравје и хигиена во авионските компании, аеродроми како и во другите транспортни, сместувачки и угостителски капацитети.

Министерството за култура и туризам на Република Турција ја започна својата програма за сертифицирање здрав туризам. Програмата, која ќе се применува со почетокот на летната сезона од 2020 година опфаќа широк спектар на мерки кои треба да се преземат во врска со транспортот, сместувањето, здравствената состојба на вработените во објектите и патниците. 

Ваков допис надлежните турски институции испратија до своите амбасади, кои треба да ги запознаат летувалците со новите правила за одмор во Турција. Во врска со ова Мехмет Нури Ерсој, министер за култура и туризам на Турција, за тамошните медиуми изјави:

 

                                          Мехмет Нури Ерсој, министер за култура и туризам на Турција

„Турција претставува пример во светот за добро-воспоставен здравствен систем и методи на третман кои се презедоа за време на пандемијата на Ковид-19. Оваа програма за сертифицирање покажува дека Турција ја зазема пионерската улога во воспоставувањето правец за нормализирање на туризмот. Нашата програма за сертифицирање потврдува дека гостите во Турција ќе го поминат својот одмор безбедно, хигиенски и удобно. Опфаќа превентивни и заштитни мерки кои го вклучуваат воздушниот, водениот и копнениот транспорт, местата за пристигнување, објектите за одмор, и здравствената состојба на вработените како и на самите туристи. Ги охрабруваме сите вклучени во нашите транспортни и сместувачки капацитети да ги преземат потребните мерки за здрав одмор, со добивањето на вакиот сертификат.“

Во соопштението од турската амбасада се вели дека програмата за сертифицирање здрав туризам се состои од четири главни столбови и тоа: „Здравје и безбедност на патникот“, „Здравје и безбедност на вработениот“, „Мерки кои се преземаат во објектите“ и „Мерки кои се преземаат во однос на транспортот“. 

„Здравје и безбедност на патникот“ ги опфаќа мерките кои се потребни да се спроведат од времето на чекирање до времето на одјавување на патникот. Тоа вклучува: забрането упатување на патници до соодветните терминали без носење маска, давање бесплатни маски на патници, користење на термална камера и мерење телесна температура при влез во зградата на терминалот, подготовка на дезинфекциски подлоги и кабини доколку е потребно и примена на потребните протоколи за патниците кои се идентификувани како ризична група за патување. 

„Здравје и безбедност на вработениот“ ги опфаќа мерките во однос на обезбедувањето физички и ментално здрав персонал при транспортот, сместувањето и угостителството. Постапките за обука за здравје и хигиена на персоналот, физичката поддршка, овозможувањето потребна опрема за здравје и хигиена, контролата на персоналот со термални камери и сл. се потребни стандарди како и термометрите и планираните смени, одржувањето состаноци и редовни проверки на персоналот кои се составен дел од оваа мерка. 

Амбасада на Република Турција во Скопје

„Мерки кои се преземаат во објектите“ Во случај постапките кои треба да се спроведат во однос на сместувачките и угостителските капацитети, се дефинираат во склоп на сертификатот. Сертифицирањето ќе обезбеди спроведување и контрола на мерките како што се социјално растојание, контакт и изолација, кои се потребни за да се контролира ширењето на пандемијата помеѓу персоналот кој работи во таквите капацитети. 

„Мерки кои се преземаат во однос на транспорните возила“ вклучуваат одредени постапки и регулативи за воздушниот, копнениот и водениот транспорт. Обуката на персоналот за транспортните возила, сертификатите за имунитет, стерилизација на возилата и организирање на транспортниот систем согласно стандардите за безбедно растојание, се дефинирани во склоп на самиот сертификат. 

Министерот Ерсој ја нагласил сензитивноста и важноста демонстрирани преку следнава изјава во однос на програмата за сертифицирање и датите за постепено враќање на опшетството во нормала по Ковид-19:

„Ги завршивме протоколите за пандемија и сертифицирање кои се издаваат посебно за аеродромите, домашните авиокомпании, автопати и туристички капацитети, од 4 мај 2020 година. Исто така планираме да започнеме да го спроведуваме процесот на сертифицирање на хотелите во текот на мај. Прво ќе ги наведеме капацитетите кои го добиле сертификатот, заклучно од  јуни 2020 година, преку сите канали вклучувајќи ја и веб страната на нашето Министерство. Ние, Република Турција постапуваме со чувство на одговорност со цел да ги увериме нашите граѓани и гости кои доаѓаат во нашата земја, да се чувствуваат удобно за време на престојот. Постои една поговорка која упатува на гостопримството на турците а која гласи: „Повеќе од добредојдени сте!“. Истата отсекогаш ни била водечки принцип и основа на која што се базираат потребните мерки кои ќе продолжиме да ги преземаме.“

Фото: aa.com.tr/izkiz.net/ wikidata.org

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.