ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/20 8:16 AM

Ковид-менаџер, нова професија во Италија а може и кај нас

Италија е една од најпогодените држави од пандемијата со корона, но полека, полека властите се обидуваат да ја нормализираат состојбата. По двомесечна пауза Италијанците стасаа до втората фаза на релаксирање на мерките и враќање на животот во нормала. Пазарите се отворија, но засега продажбата е ограничена и воведени се многу мерки за заштита и на купувачите и на продавачите.

Тезгите се оддалечени два и пол метри, на луѓето прво им се мери температура а мора да имаат маски и ракавици кои,ги добиваат на самото место. За да биде се како треба  на пазарите е воведена и нова професија – ковид-менаџер.  Неговата задача е да го контролира почитувањето на сите прописи и мерки за безбедност. Тој на пазарите треба да одреди колку лица смеат да бидат присутни на тоа место, колку продавачи, колку тезги.  Ковид-менаџерот надгледува дали е се со прописите. Нему му се обраќаат за секој проблем или помош.

Овие менаџери проверуваат дали сè се одвива по прописите,  дали се мери температура на луѓето пред да влезат, дали им е дадена маска,  дали има  растојание меѓу луѓето.., за што подобра заштита на купувачите и продавачите, кои, пак, не се задоволни оградите и сметаат дека од 18 мај  ќе биде подобро.

Извор: dunav.at


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7