ММС

Објавено на: 05/9/20 11:42 PM

Тони Цетински забранет на радио бидејќи бил против вакцина и чипирање на луѓето

Приватното хрватско радио „Драва“, кое програмата ја емитува од Копривница, повеќе нема да пушта песни на познатиот пејач Тони Цетински, заради неговите ставови против вакцинацијата. Радиото ја објави својата одлука на својата официјална веб-страница, а пејачот веста ја искоментира со зборовите: „Еве ја нашата демократија“.

„Бил Гејтс се збогати за да може да финансира вакцина после која Тони Цетински песните би ги пишувал во ворд и би го натерал да го користи својот компјутер“, напиша Бојан Хорват, уредник во Радио „Драва“, за да ги објасни причините за одлуката за забрана на песните од познатиот пејач.

Хорват рече дека тоа е демократско право на секоја личност да го изрази своето мислење, како и да се согласи со нечие мислење или не. Сепак, тој додава дека е опасно „сложените здравствени теми да бидат дискутирани и преземени од познати и јавни личности од општествениот живот, крајно некомпетентни за темата за која коментираат, бидејќи на тој начин тие влијаат на мислењето и постапките на нивните симпатизери“.

Уредникот наведува дека Радио Драва, како приватно, комерцијално радио, ќе престане да ги емитува песните на Цетински. Тој признава дека оваа одлука нема да го повреди премногу пејачот, бидејќи, како што вели, таа е симболична.

Цетински неодамна го привлече вниманието на јавноста во Хрватска, кога на Инстаграм објави совети како „легално да се одбие вакцинирањето“.

По повод објавувањето на Радио Драва дека повеќе нема да ги емитува неговите песни, Цетински напиша „еве ја нашата демократија“ на Фејсбук.

„Не смееш да се залагаш луѓето да бираат што ќе прават со своето тело. И покрај фактот што јас јасно истакнав во моето излагање пред некој ден- секој што сака треба да биде вакциниран и да има чип, но јас не сум за присилно вакцинирање и чипирање луѓе “, напиша Цетински.

Хрватскот пејач во статусот моли  „сите да го следат овој пример сега, за да можеме да видиме кој се е на платниот список на светските кројачите на вистината“.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.