ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/7/20 7:17 AM

Во Италија загриженост – ослободени членови на мафијата поради Ковид-19

Италијанската Влада одлучи да го разгледа указот со кој беше дозволено постарите лица, критичните болни членови на мафијата и трговците со дрога да се стават во куќен притвор поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува „Анадолија“.

Според веста на високотиражниот весник „Ла Република“ (La Repubblica), 376 членови на мафијата и трговци со дрога, во средината на март се пуштени од затвор и ставени во куќен притвор заради ризиците предизвикани од епидемијата. Нивното ставање во куќен притвор во земјата покрена различни мислења.

Италијанскиот министер за правда, Алфонсо Бонафеде, во својата изјава во Претставничкиот дом истакна дека со решеност ја водат борбата против мафијата, и дека Владата работи на промена на указот со кој се уредува отпуштањето од затвор на водачите на мафијата чија здравствена состојба е влошена.

Тој рече дека измената на указот ќе им овозможи на судиите да ја преиспитаат состојбата на припадниците на мафијата, сместени во куќен притвор поради епидемијата Ковид-19.

Меѓу членовите на мафијата кои неодамна беа ставени во притвор е и 85-годишниот Франко Каталдо, еден од поранешните водачи на доминантната „Коза Ностра“ во Сицилија.

Во 1996 година Каталдо беше прогласен за виновен за киднапирање на Сантино Ди Матео, за кој се сметаше дека бил шпион во мафијата. Ди Матео беше задржан во заробеништво, а потоа убиен со давење.

Марија Фалконе, сестрата на судијата Џовани Фалконе, кој го загуби животот во атентат извршен од страна на мафијата во 1992 година во Сицилија, во изјавата за весникот рече дека поднела приговор за отпуштањето на членовите на мафијата од затвор.

„Не треба да се отвора дискусија за нивната казна. Тие треба да се чуваат во изолација во затвор“, рече Марија Фалконе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7